Села: Во вакви услови нема да учествуваме на избори

by Фокус

Движењето за реформи на ДПА, кое е предводено од Зијадин Села, денеска во Тетово донесе одлука во вакви услови, партијата да не учествува на закажаните избори на 5 јуни.

-Движењето за реформи на ДПА е за избори со стандарди, за кои тврдиме дека во моментов не се исполнети. Нашата партија ќе го чека мислењето на Државната изборна комисија, околу изборниот список па потоа ќе имаме и друг став, во наредните денови“, изјави претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села.

Села апелираше до меѓународната заедница да помогне во надминување на кризата околу изборниот процес.

Поврзани новости