Села ветува целосна двојазичност и локална децентрализација

by Фокус

 

Доколку Алијансата за Албанците ја добие власта, ќе има целосна рамноправност меѓу Албанците и Македонците и албанскиот јазик ќе биде службен во цела држава, вети лидерот на ДР-ДПА Зијадин Села во Крани.

– Ќе спроведеме вистинска локална децентрализација. Значи, локаланата власт да менаџира и со природните ресурси кои ги има таа општина на целата територија. Потоа, делење на буџетот по локална линија, што значи над 50 отсто од ДДВ-то кое локалните граѓани го плаќаат да останат во локалната власт, а да не чека локалната власт колку буџет ќе и пушти Владата, туку Владата, министерствата и Собранието да се финансираат од локалната власт колку што е потребно, а даноците да останат на локално ниво – рече Села.

Поврзани новости