Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска одржа прес конференција на која говореше за неодамнешните избори.
Притоа, тој ја искористи приликата и да упати критики кон ДУИ и нивниот лидер Али Ахмети.
„Мртвите треба да се почитуваат, а не на нивно име да се гласа. ДУИ низ целата кампања имаше само едно ветување – Албанец премиер. Ние за тоа не се противевме, но, ако не успеат, треба сами да си одат во опозиција. Проблемот е што ние 30 години сме немале премиер, туку сме имале премиер Македонец. Ние сметаме дека тој треба да е праведен за сите граѓани, за цела етничка заедница, а не само за одреден дел од населението. Албанскиот јазик треба да стои како албански во Уставот. Само тогаш ќе докажеме дека градиме една држава за сите“, истакна Села.