Четири пациенти починаа од корона вирус, тројца се од Скопје

by Fokus

Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа, пет пациенти ја изгубија битката со новиот корона вирус.

Три пациенти се од Скопје (65, 66 и 73 години) и пациент од Гостивар (72г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617, бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

Поврзани новости