531
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села повторно ќе се кандидира за градоначалник на Струга на престојните локални избори.
Огранокот на партијата во Струга објави на социјалните мрежи дека официјално го избра Села за кандидат во оваа Општина.
Ова е втор пат како Села трча на локални избори. На претходните локални избори го доби мандатот од граѓаните, но се откажа од функцијата кога партијата доби пратенички места во Собранието, со што градоначалниката функција Села ја замени со пратеничка.
За негов наследник го назначи Мустафа Забзун, советник во Советот на Општина Струга од редовите на неговата партија.