Харадинај е новиот премиер на Косово

by fokus 20:58
20:58

Со 62 гласа „за“ пратениците во косовскиот парламент ја избраа новата Влада на Косово. Претседател на Владата е Рамуш Харадинај, кој изјави дека ќе биде премиер на сите граѓани.

Во еден дел од неговото кратко излагање Харадинај се обрати на српски јазик и порача дека ќе работи на зголемување на довербата меѓу двете земји.

- Advertising -

-Отежнат е патот на Косово кон ЕУ и на тоа ќе поработиме. Ние ќе разговараме со сите. Немаме друга алтернативна освен дијалог со Србија – рече тој.

Харадинај беше обвинет од трибуналот во Хаг за воени злосторства. На почетокот од годинава тој беше уапсен во Франција врз основа на меѓународна потерница издадена од Србија.

Освен премирската фотелја тој ќе го добие и правото да управува со војската. Беше премиер на Косово од 2004 до 2005 година.

Српските пратеници го поддржаа Харадинај и влегоа во владината коалиција со три министерски места. Српска листа ги има министерството за враќање на раселените, министерството за локална самоуправа и министерството за земјоделство.

Поврзани новости