729
Алијансата за Албанците поднела 74 приговори до Државната изборна комисија во врска со гласањето на парламентарните избори изминатава среда.
Како што објави партискиот лидер Зијадин Села на Твитер, прелиминарните наводи на ОБСЕ/ОДИХР потврдуваат организирано купување гласови и притисокот врз гласачите од страна на ДУИ на разни избирачки места во Кичево, Сарај и Зајас.
Тој потенцира дека Коалицијата „Сега е време“ забележала многу други случаи на кршење на изборното законодавство и дека тие ги документираат.
„Државните институции да ја завршат својата работа и да обезбедат зачувување на волјата на граѓаните“, потенцирајќи дека украдените избори нема да бидат прифатени.