360
Пратеникот Зијадин Села по завршувањето на денешното рочиште на кое што им се судеше на неговите напаѓачи на 27 април истакна дека покрај насилниците, за крвавиот настан имало и организатори.
„За целата случка постои добро организирана шема зад која стојат политичари и политички субјекти. Токму за тоа, оваа околност треба да ја истражат обвинителите и судот – рече Села.
На прашање на новинарите, Села рече дека препознал дел од луѓето кои биле присутни во Собранието.
„Не е лесно да се соочиш со смртта. Освен тоа што го чувстувам јас и го преживеав, тука е и моето семејство, мојата сопруга и моите три деца – додаде Села, сакајќи да каже дека крвавиот четврток оставил последици врз целото негово семејство.