Села од градоначалник заминува како пратеник

by fokus

Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села на денешната седница на Советот на општината си поднесе оставка од досегашната функција.

Неа ќе ја замени со пратенички мандат во Собранието, кој го освои на предвремените парламентарни избори на 11 декември, како кандидат на Алијанса за Албанците.

За в.д. градоначалник на Струга до локалните избори во април е именуван досегашниот член на градскиот совет, Мустафа Забзун.

Поврзани новости