Ескалира ситуацијата во Сојузот на синдикати, интервенираше и полицијата

by fokus

Синдикалните превирања денеска ескалираа ,откако Живко Митревски, кој одбива да ја напушти претседателската функција, свикал седница на Советот и со лично обезбедување забранил влез во зградата на ССМ, јави 24 Вести.

-Ова наликува на еден окупиран дом од страна на т.н. Претседател, Живко Митревски кој користи лично обезбедување, изнајмено обезбедување, рекетари и уште незнам што Можете сами да видите и да констатирате. Денеска свикува нелегитимно претседателство, т.е совет, каде што на нашите советници им е забранет влез, т.е присутво на таа седница. На таа седница тој сака сите овие што ги гледате претседатели на синдикати да не исклучи нелигитимно- изјави за 24 Вести в.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Советникот Лазе Ѓорѓиески кој исто така бил исфрлен од зградата на ССМ, вели дека Митревски нема кворум да одржува седница.

-Немаат никаква правна, не можат да донесат затоа што немаат кворум. Ние го имаме потребниот кворум и назначивме нов претседател- вели Лазе Ѓорѓиески – Совет на ССМ и претседавач на седницата на која беше разрешен Митревски.

Од МВР потврдуваат дека била повикана полиција за нарушување јавен ред и мир, но не соопштуваат повеќе детали за случајот.

Поврзани новости