423
Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во емисијата „200“, на АЛСАТ-М, рече дека неговата партија никогаш нема да ја поддржи иницијативата за амнестија за обвинетите за 27 април.
-Неколку пати сме рекле, не дека ние не би поддржале, туку нема да поддржи ниту еден политичар. Било надворешен, меѓународниот фактор, земјите на ЕУ…, да се опрости настан како што беше 27 април, никој кој има грам мозок не би поддржал амнестија на дело тероризам, рече Села.