Оштетено возилото на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски: Ај што сте неспособни да водите држава, па ни стакло не знаете да искршите

by fokus

Возилото на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, вчера било оштетено од непознати лица, а Арсовски обвинува дека зад тоа стојат членови на СДСМ.

По овој настан, тој се огласи на Фејсбук:

„Ај што сте не знаете и сте неспособни да водите држава, па ни едно стакло на кола не знаете да искршите како што треба ?‍♂️
Сакав да пријавам во Министерство за внатрешни работи, ама кутрите тие не можат да фатат убијци цела година што ги знаат по име, а не пак овие што искршиле стакло.
Ама еве уште еднаш Oliver Spasovski јавно да го повикам да праша по пајташите негови да не е некој од нив, за да дојде каменот да си го земе, му останал внатре, бидејќи ниту со закани, ниту со ова нема да ме замолчите, па најверојатно пак ќе треба да ми ја кршите колата“, напиша Арсовски.

Поврзани новости