468
Алијансата за Албанците на вчерашното централно собрание кое се одржа во Кичево, по партискиот конгрес информира дека на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да и претходи парламентарен изборен процес.
– Оваа едногласна одлука на Алијансата се заснова на индикациите дека оваа владејачка гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено нејзината индиферентност околу спроведувањето и примената на принципите и функционирањето на владеењето на правото – велат од партијата на Зијадин Села.