Возач тешко повреден откако со автомобил излетал од патот Пробиштип – Штип

by Fokus

Дваесети петгодишно момче било тешко повредено откако со автомобил излетал од коловозот, информираа од МВР.

Според полицијата, сабајле во 06,50 часот на регионалниот пат Пробиштип-Штип во близина на раскрсницата кај с.Крупиште, патничко моторно возило “Ленд ровер“ со штипски регистерски таблици управувано од Г.С.(25) од Пробиштип излеталo од коловозот. Со возило на итна медицинска помош Г.С. бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип бил извршен увид. Се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости