676
Актуелниот лидер на АА, Зијадин Села, во вечерашното гостување во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма говореше за неговата иднина во партијата. Тој појасни дека не бега од одговорност, како и оти „не креирал партија од нула“.
„Не планирам доживотно да бидам претседател на партијата. И во статутот на партијата стои дека претседател може да се биде само два мандати, после тоа си заминуваш“, рече Села.