Богоев: Некоректно е Делчев да го сведуваме на декларации

by Fokus

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во гостувањето во ТВ 24 го повтори ставот на партијата дека за личност како Гоце Делчев нема преговори и не се прави никакво предавство.

„Делчев е македонски национален херој, длабоко врежан во нашата историја и обврска ни е на сите да го чуваме неговиот лик и дело. Некоректно е Делчев да го сведуваме на декларации, бидејќи денеска се работи за него, утре ќе биде за нешто друго. Дали е поентата цело време да идеме со декларации“, рече Богоев.

Поврзани новости