723
Kоалицијата АА-ААА на Зијадин Села и Африм Гаши во првиот круг од локалните избори ќе излезе сама, а за вториот круг дополнително ќе одлучи, истакна пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи.
-Зборуваме за првиот круг, коалицијата АА-ААА ќе излезе сама. Се уште не е донесена конечна одлука, но врз основа на разговорите кои ги имавме во рамките на парламентарната група и заедничките партиски органи, е сами да излеземе во првиот круг, а во вториот круг ќе го разгледаме заедничкиот интерес на изборната програма – рече Реџепи на ТВ 21.
Претходно, албанската опозиција навестуваше дека можна е соработка со ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг, но, според изјавата на Реџепи, ваквата соработка е можна само во вториот круг кога ќе се бираат градоначалници.