Села и Гаши ја започнаа кампањата со слоганот „Сега е време“

by Fokus

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива информира дека ја започна својата политичка кампања за предвремените парламентарни избори во земјава со мотото „Сега е време“.

– Дојдено е времето за демократија и кај Албанците. Сега е време за промена кај Албанците. Сега е време за еднакви права, за еднакви инвестиции. Сега е време за правда која не ги бира граѓаните според етничка, политичка и верска припадност. Сега е време за квалитетно образование, за квалитетно здравје. Сега е време за држава за сите, соопшти коалицијата предводена од лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Поврзани новости