435
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, по денешното гласање изјави дека фер и демократски избори се важни за патот на државата кон Европската унија.
-За жал, деновиве бевме сведоци на уцени и притисоци на правење лоша пропаганда, многу подла од страна на портали што се блиски на партијата на власт. Единствен начин власта да се огради од овие термини е да профункционира законот и да се казнуваат – рече Села.