480
Движењето за реформи во ДПА чиј предводник е струшкиот градоначалник Зијадин Села денеска одржува конгрес во Тетово на кој треба да избере нов претседател на партијата. Села уверува дека конгресот е легитимен.
Од неговото движење изминатиот период одржаа изборни собранија за делегати во сите ограноци и подограноци на партијата, а Села засега е единствениот кандидат за претседател. Покрај претседател, на конгресот се очекува да биде избрано и централното собрание на ДПА.
Мендух Тачи, при неговата посета на Струга пред неколку дена, кратко рече дека не сака да го коментира Зијадин Села и неговите активности