Пред зградата на МТВ започна протестот организиран од Стојанчо Ангелов. Стотина граѓани веќе се присутни, но се очекува и други да им се придружат.
Ангелов најави дека ќе се обидат мирно да упаднат во телевизијата со цел да побараат од уредниците да ги емитуваат аудио снимките на СДСМ на кои се слуша криминалот на власта.
Зградата е обезбедена од голем број полицајци. За сега е неизвесно каква е стратегијата на Ангелов за упад во МТВ и дали со толкав број на граѓани ќе успее во намерата.