Вториот сведок го продложи сведочењето со тоа како се одвивал нападот врз лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на крвавиот четврток.
„Села во еден момент се тргна од пратениците бидејќи беше погоден во глава со статив од знаме. Му се слоши, почна неконтролирано да се движи и падна. Во целата гужва го изгубив од вид Села, а по половина минута се случи гужва на пет до седум метра од местото каде што беа пратениците кон излезната врата. Во тој момент го видов Села како лежи. Тој од сите страни бее опкружен со луѓе. Не видов дали некој го удира бидејќи додека да стигнам до него, работата беше завршена“ – рече сведокот, кој понатаму продолжи да ги објаснува деталите.
„Села додека лежеше беше нападнат физички, а кога се доближив лежеше во бесознание. Лежеше на лицето према земја, на стомак. Луѓе почнаа да го тргаат мислејќи дека е умрен, а можно е тогаш да доби уште неколку удари“ – рече сведокот.
Сведокот потоа објасни дека Села бил изнесен, но не знае од кого, зошто биле свртени со грб. Тој истакна дека има и фотографија од моментот додека лежи, направена од два метри одалеченост.
Денеска во Кривичниот суд почна судењето за обидот за убиство на Зијадин Села, за што се обинети десетина лица.
В.В.