Села: Атентатот беше нарачан од партиски лидери кои се подготвени на се

by fokus

Нарачателите на атентатот се јавни политички личности, партиски претседатели коишто се подготвени на сè, изјави Зијдин Села откако даде исказ во Обвинителството за настаните кои се случија на 27 април.

-Реално, немаше потреба од исказ за настаните кои се случија на 27 април, зашто сè беше толку јавно, тенденциите беа толку јавни и нарачателите на атентатот се јавни политички личности, партиски претседатели коишто се подготвени на сè во обидот да ги скријат криминалот и корупцијата што ги направија сите овие години, рече Села.

Села тврди дека нападот врз Собранието бил нарачан од политички функционери коишто се обидуваат да го прикријат нивниот криминал.

Поврзани новости