Секој втор човек во светот има намалени приходи поради пандемијата

by Fokus

На секое друго лице во светот му се намалени приходите поради пандемијата на коронавирус, а луѓето во сиромашните земји се особено погодени од загубата на работното место и скратување на работното време, покажа истражувањето на Галуп објавено денес.

Во истражувањето учествувале 300.000 луѓе од 117 земји, а резултатите покажале дека половина од оние кои имаат работа заработиле помалку поради пандемијата, пренесува Ројтерс.

Тоа значи дека пандемијата погодила 1,6 милијарди возрасни низ целиот свет.

-Во целиот свет тие проценти се движеа од 76 проценти во Тајланд до 10 проценти во Швајцарија, објави Галуп.

Во Боливија, Мјанмар, Кенија, Уганда, Индонезија, Хондурас и Еквадор, повеќе од 70 проценти од испитаниците изјавиле дека заработувале помалку отколку пред пандемијата, додека во САД, 34 проценти рекле дека имаат помалку приходи.

Кризата предизвикана од коронавирусот особено ги погоди жените, кои главно се вработени во ниско платени сектори, како што се малопродажба, туризам и услуги за храна.

Во 57 земји, вклучувајќи ги Индија, Зимбабве, Филипини, Кенија, Бангладеш и Салвадор, повеќе од 65 проценти од испитаниците изјавиле дека престанале да работат некое време поради пандемијата.

Најмалку луѓе престанале да работат во развиените земји со високи примања, па затоа секој десетти човек во Австрија, Швајцарија и Германија привремено престанал да работи.

Во САД, 39 проценти од населението привремено престанале да работат поради пандемијата.

 

Поврзани новости