Велика Британија испраќа илјада респиратори во Индија

by Fokus

Велика Британија ќе испрати 1.000 респиратори во Индија, која е силно погодена од коронавирусот.

Премиерот Борис Џонсон рече дека Велика Британија секогаш ќе биде со Индија кога тоа е потребно.„Длабоко сум погоден од брзата поддршка што Британците им ја дадоа на луѓето во Индија и задоволен сум што владата на Велика Британија успеа да одигра улога во помошта да се спасат животи“, рече Џонсон.

Тој утре ќе одржи виртуелен состанок со индискиот премиер, Нарендра Моди, за да разговара за продлабочување на соработката меѓу Велика Британија и Индија. Индија забележа најголем дневен број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата – 3.689, и стана првата земја што регистрира повеќе од 400.000 нови случаи за еден ден.

Поврзани новости