Секој пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има различно барање по однос на дневниот ред на денешната пленарна седница, на која треба да се разгледува Законот за употреба на јазици. Пратениците ги образложуваат своите предлози, што трае неколку минути, по што треба да се стават на гласање. На тој начи се одолговлекува донесувањето на дневниот ред.
Неколку пратеници бараа исфрлање на точката за Законот за јазици, но мнозинството го отфрли тој предлот, а претседателот Талат Џафери рече дека не може повторно да се одлучува за истото барање.
Потоа еден пратеник побара Законот за јазици да се стави 25-та точка на дневниот ред, друг пратеник побара точката да биде последна на дневниот ред, трет побара сите други точки да бидат исфрлени, а да остане само оваа точка. Парламентарното мнозинство ги одбива нивните предлози.