426
Костадин Богданов, поранешен владин агент во Европскиот суд за човекови права во вечерашнoто гостување на телевизија Телма во контекст на случајот на Драган Даравелски рече дека секој што е суден во отсуство, треба да му се обезбеди повторување на постапката и тоа е од аспект на праксата на судот во Стразбур и една од гаранциите на членот 6.
-Има исклучоци од тоа правило, има предмети за кои судот заземал друг став, најчесто во предмети во кои обвинетите, односно осомничените знаеле за постапката и намерно ја избегнувале, односно намерно не сакале да присуствуваат на судењата, рече Богданов.