Секој ден во последните две седмици во светот има по 100.000 нови случаи на корона вирус

by Fokus

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гребрејсус, изјави дека во последните две седмици секој ден во светот се регистрираат по повеќе од 100.000 потврдени случаи на корона вирус, претежно во САД и Јужна Азија.

На земјите што го спречиле преносот на вирусот тој им порача дека мораат да бидат подготвени на можноста за повторна појава во зголемен број случаи.

Мајкл Рајан, шеф на СЗО за вонредни ситуации, изјави дека здравствената агенција на ОН им понудила дополнителна помош на кинеските власти и дека СЗО може да го зајакне својот тим во Кина во наредните денови додека напредува истрагата.

Тедрос истакна дека биле потребни два месеци за да се достигнат првите 100.000 пријавени случаи, а сега тоа е дневна норма. Речиси три четвртини од новите случаи секој ден доаѓаат од 10 земји, претежно од Јужна Азија и Америка, рече тој.

Поврзани новости