Секој член на Хамас е мртов човек, изјави Нетанјаху

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека секој член на Хамас е мртов човек, откако го одржа првиот состанок на новата влада, во која е вклучена и опозицијата. Еден од лидерите на опозицијата Бени Ганц кажа дека е време за војна.

Во исто време, американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор го предупредил Нетанјаху дека Израел мора да дејствува според правилата на војната.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, утре ќе пристигне во регионот, при што ќе се сретне со лидерите на Израел и Палестина.

Бројот на загинати од почетокот на нападот на Хамас порасна на 2.400, од кои над 1.200 во Израел и најмалку 1.200 во воздушните напади на Газа.

Поврзани новости