Секаде во светот анонимусите се против власта, само во Македонија, тие се против опозицијата!

by lali

А сега и официјално да прогласиме, во Македонија има контапротест на објавување бомби. Па ете, после толку чекање, Македонските анонимуси* се решиле да не уверат дека овие афери не се важни за Македонија и граѓаните, па они решиле да ни објават нешто поважно, нешто во кое бил вмешан опозицискиот лидер Зоран Заев. Изгледа за Власта немале ништо, па ќе почнеле со опозицијата. Зошто нели, во Македонија веќе 9 години владее опозицијата.

Искрено, да не е смешно и очајно целово ова сценарио со анонимусите би било навистина жално. Но тоа е, што е, мора да прифатиме дека со се ќе се проба за да се дефокусира народот од вистината за Македонија. А на тема вистината, мора да го цитирам нашиот премиер Груевски – „Вистината е како шило, ќе боде, ќе боде, лево десно и на крајот ќе исплива. Таа мора да исплива на површина“.

Епа народе.. како поминува времево, веќе доаѓаме до површината.

 

* За појаснување, македонските анонимуси не се како оние светските вистинските, што се со маски, туку нашите анонимуси се оние со лажни профили по фејсбуков и твитерот.