„Сега на тацна да ти дадат власт, треба да одбиеш ако си нормален“

by Фокус

Во моментов на тацна да ти даваат власт во Македонија без избори треба да одбиеш, ако си нормален, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју на ТВ 21.

-Имаме една мултиплицирана криза. Заради војната во Украина имаме проблеми со енергија, со високи цени на производи, претходно наши делби и парламентарни блокади, и ова е капак на се. Имаме ситуација дека кога на тацна да ти даваат власт сега во Македонија без избори треба да одбиеш, ако си нормален – рече Пендаровски.

Воедно, тој упати совет за сите оние политички партии кои се против францускиот предлог.

-Да земат во предвид што ќе биде подобро за државата, бидејќи ако мислиш само на следни избори, ти можеш да добиеш позиција утре, не на лево на десно, и обратно. Ама повторно ќе се вратиме на прашањето што е планот потоа. На следни избори владата ќе падне, со новото мнозинство што правиме со ЕУ? Сега ти си власт, јас опозиција, дали ќе ме викнеш? Јас се сомневам – вели Пендаровски.

 

Поврзани новости