Организацијата на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕМО) ги повика властите во Македонија да ги отфрлат сите обвиненија против новинарот Томислав Кежаровски, пренесува Нова ТВ.
Генералниот секретар на СЕЕМО Оливер Вујовиќ изрази целосна поддршка за Кежаровски и останатите новинари кои се во слична ситуација во регионот.
– Третманот и судењето против Томислав Кежаровски се извор на длабоки загрижувања за нас веќе подолго време. Неопходно е новинарите и медиумските работници да бидат безбедни од вакви типови на притисок и обиди за цензура, вели Вујовиќ.
Според него пресудата со која се соочува Кежаровски претставува сериозна закана за слободата на медиумите, слободата на изразување и основните човекови права.
– Ги повикувам властите во Македонија и институциите да ги отфрлат сите обвиненија против новинарот, како би докажале дека навистина работат на креирањето демократска атмосфера за професионално, независно и истражувачко новинарство, додава Вујовиќ, а пренесе Нова ТВ.
Кежаровски, во мај минатата година беше ставен во притвор, за сторија пишувата пет години претходно за магазинот „Репортер 92“. Во ноември 2013 година беше осуден на 4,6 години затвор, а во моментов е во домашен притвор исчекувајќи ја одлуката на Апелационен суд за неговата жалба.