Стартува судењето за убиството на тригодишното девојче кај Бит Пазар

by Фокус

Сопружниците, обвинети за убиството на тригодишно девојче, што се случи во март годинава, во близина на Бит Пазар, на 21 овој месец, ќе седнат на обвинителна клупа, информираат од Основниот суд Скопје 1.

„Обвинетите Џ.Б. и Ј.М. се товарат за убиство, член 123 ст.2 т.7 в.в со член 22 од Кривичниот законик, односно за убиство со умисла на малолетно лице, со соизвршителство, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Оттаму објаснуваат дека на обвинетите им се заканува казна затвор од најмалку 10 години затвор или доживотен затвор.

„Против обвинетата Ј.М. е изречена забрана да ја напушта територијата на Градот Скопје, и забрана да ги види своите две малолетни деца кои се згрижени во старателско семејство. Обвинетиот Џ.Б. од неговото пронаоѓање и лишување од слобода од 17.10.2014 година е на издржување мерка притвор во траење од 30 дена, определена од Кривичен совет на овој Суд, додаваат од судот.

Трагичниот настан се случи кога малата Мевљана С. беше усмртена со електричен кабел, додека била во куќата на соседите. Како што тогаш информираа медиумите, малото девојче се измокрило на тепихот, по што била убиена. Триесет и четиригодишниот сосед на девојчето заврши во притвор под сомнение дека ја претепал со електричен кабел, додека неговата сопруга, 25-годишната Ј.М. беше осомничена за помагање.

Инаку, наодите од судска медицина покажуваат дека детето било често тепано, имало модринки по телото, и биле скршени ребрата од двете страни, а клучната коска на малечката била скршена пред околу 2 недели.

Поврзани новости