944
Вицепремиерот Артан Груби денеска истакна дека исполниле уште едно големо ветување за ФК Скопје, Шверцерите и сите љубители на спортот во општина Чаир и во Скопје.
-Денеска, заедно со првиот човек на фудбалската федерација, Мухамет Сејдини, градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и на Скопје Петре Шилегов, министерот Османи, директорот на клубот Буњаку, пратеници, директори и други, ја пуштивме во употреба новата трибина на стадионот во Чаир.
Посакувам на новиот стадион да му се радуваме сите заедно со шампионската титула оваа сезона, напиша Груби на фејсбук.
Од објавената фотографија може да се види дека црвената лента ја сечат дури седум политичари.