Маричиќ: Влегуваме во последната фаза од пописот

by fokus

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, посочи дека влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години.

-Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години!, напиша во објава на Фејсбук Маричиќ.

Тој посебно упати благодарност до, како што наведе, неуморните попишувачи кои на терен неуморно работат за да се обезбеди подобра иднина за сите нас.

Поврзани новости