Седумгодишно момче се бори за живот откако било прегазено со „нисан навара“

by fokus

Седумгодишно момче од скопското село Цветово е хоспитализирано во клинички центар, каде се бори за живот, откако било прегазено од возило „нисан навара“ со италијански регистарски таблички, а управувано од 32-годишен скопјанец.

„На 18.05.2019 година во 20.35 часот кај мостот во с.Љубош кон с.Батинци, скопско, патничко возило „Нисан Навара“ со италијански национални ознаки, управувано од Т.С.(32) од с.Црни Врв, скопско, удрило во седумгодишно момче од с.Цветово, скопско. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, информираа од МВР.

Поврзани новости