416
Седумдесет и седумгодишен возач прегазил битолчанка, која се здобила со потешки повреди. Како што информираат од МВР сообраќајката се случила вчера, во 11,25 часот во Битола на улицата “Цар Самоил“.
-Патничко моторно возило “Опел Корса“ со битолски регистерски таблици управувано од Н.Ц. (77) од Битола удрило во пешакот Ц.Ј. (67) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ј. по што била пренесена и задржана на лекување во Клиничката болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола, информираат од МВР.