Во пожар во куќа изгореле 21.500 евра и 30.000 франци

by fokus

Вчера утрото избувнал пожар во семејна куќа во с.Србица-кичевско, при што изгорела голема сума на пари.

-Избувнал пожар на првиот кат во куќата сопственост на М.Л. (46). Пожарот бил изгаснат од  страна на Територијална противпожарна единица -Кичево. Во пожарот опожарени биле мебелот и покуќнината во спалната соба, како и 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кичево, информираат од МВР.

Поврзани новости