Седум војници утре се враќаат од Авганистан, ќе одат во карантин

by Fokus

Седум војници утре ќе се вратат од Авганистан, информираат од Министерството за одбрана.

„Припадниците на Армијата се очекува утре во вечерните часови да пристигнат и потоа да бидат транспортирани до нашата земја. По нивното пристигнување согласно препораките од Владата и од Министерството за здравство ќе бидат упатени во двонеделен карантин кој е задолжителен за сите граѓани кои се враќаат од странство“, – соопштија од министерството за одбрана.

 

Поврзани новости