114 граѓани го напуштаат Дебар, истакна градоначалникот Дука

by Fokus

114 граѓани кои се затекнаа во Дебар за време на прогласувањето на кризната состојба ќе може да го напуштат градот.

Како што информираше градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој во исто време раководи и со Општинскиот оперативен штаб, затекнатите граѓани си заминуваат веднаш, додека странските ќе ја напуштат земјата според предвиден протокол.

Во хотелот во Бањиште беа сместени 114 лица од неколку града на земјава, пред сè од подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше, како и од Косово, Србија, Бугарија и Шведска.

Поврзани новости