Седум странски експерти ќе ги испитуваат причините за поплавите во Тетовско

by Фокус

Во следните 12 дена Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со седум странски експерти ќе работи на утврдување на причините за поплавите што го зафатија Тетово и Тетовско.

– Преку Механизмот за цивилна заштита побаравме да се активира системот Коперникус и добивме сателитски снимки за конкретната состојба во Тетово. Ќе се направи добро инфраструктурно уредување на целата територија која беше зафатена од поплавите и свлечиштата. Ќе се обидеме да им дадеме одредени насоки и препораки на Владата и на локалната самоуправа како да го уреди тој простор за во иднина да не се случуваат такви проблем – истакна Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу.

Тој соопшти дека се оштетени околу 390 куќи, а се отстрануваат наноси од 1, 5 милион кубици земја. На терен се 39 багери, неколку булдожери и 40 камиони. Според Салиу, за неколку дена теренот ќе биде целосно уреден.

Поврзани новости