Седум патници паднале во бесознание, туристички автобус принудно запрел во Франција

by Fokus

Туристички автобус кој сообраќал од Барселона во Шпанија за Босна и Херцеговина синоќа околу 20 часот итно сопрел на автопатот во Франција, во близина на Кан и Ница, бидејќи неколку патници се онесвестиле.

Возачот го паркирал автобусот на постојката за одмор Видаубан Суд, пишува Ница Матин, бидејќи седум патници паднале во бессознание, пишува Дневник.хр.

Во автобусот имало 62 патници, а возачот повикал помош.

Француските власти испратија спасувачки екипи на местото на настанот, меѓу кои седум возила на брза помош и пожарникари.

Засега нема информации зошто туристите се онесвестиле.

 

Поврзани новости