Група македонски граѓани се исто така заглавени во српското село Бањска на Косово, каде цел ден трае вооружебниот судир помеѓу сѐ уште непозната група и косовската полиција.
ТВ Телма објави дека тие се обратиле до редакцијата и бараат помош за нивно извлекување од селото и дека се многу исплашени затоа што ситуацијата од час во час се влошува.
Шест возрасни лица и едно малолетно дете се заглавени во Косово, а тие уште од утрото контактирале со македонската амбасада во Приштина, од каде што им била ветена помош, но таа до сега не пристигнала.
Тие исто така се во комуникација и со косовската полиција, но засега остануваат заглавени во опсаденото село.
Покрај нашите граѓани, во селото исто така заглавена е и група од педестина верници од Нови Сад. Според српските медиуми, тие се заклучиле во манастирот, околу кој постојано се слушаат истрели.