613
Во последните 24 часа регистрирани се седум починати пациенти од Ковид-19, соопштуваат од Министерството за здравство.
Починатите се на возраст од 55 до 79 години. Еден починал на Инфективната клиника, двајца починале во „8 Септември“, еден во болницата во Кавадарци, еден во Кочани и двајца во Куманово.
-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г).Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г). Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71г и 79г, соопштуваат од Министерството.
Во официјалната статистика досега од Ковид-19 починале 328 лица.