Во Скопје речиси 2.000 активни случаи, во Чаир над 400

by Frosina Fakova

Од вкупно 3.583 активни случаи во земјава, најмногу заразени од новиот вирус Ковид-19 се уште се во Скопје, каде бројката на активни случаи е речиси 2.000, односно 1983 случаи.

Од скопските општини на врвот е Чаир со 424 заразени, потоа следува Гази Баба со 193, Бутел, па Карпош.

• Чаир – 424
• Аеродром – 154
• Бутел – 163
• Гази Баба – 193
• Центар – 143
• Карпош – 167
• Сарај – 148
• Кисела Вода – 121
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 113
• Шуто Оризари – 90
• Арачиново – 54
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 19
• Сопиште – 14
• Зелениково-6
• Странец – 2
• Нераспределен- 11.

Сепак од Министерството напоменуваат дека по завршување на епидемиолошките анкети може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.

 

Поврзани новости