760
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, a вкупно се хоспитализирани 160 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66 пациенти, во болницата во Штип 53 пациенти, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 376 позитивни и сомнителни на Ковид-19.