СДСМ на локалните избори во Штип ќе настапи со кардиологот Сашко Николов

by Фокус

Извршниот одбор на СДСМ на денешната онлајн седница го утврди Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип за предвремените локални избори на 13 декември.

„Д-р Сашко Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница. Д-р Николов во изминатите години стекна висок углед како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Целиот свој професионален и човечки ангажман Николов го има посветено на непрекината, константна и професионална работа за граѓаните и нивното здравје“, соопштија од СДСМ.

Од таму велат дека се фаворити на изборите поради, како што истакнуваат, успешните политики во интерес на граѓаните.

Поврзани новости