127
На 08.12.2023 во 19.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.
Притоа, во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје.
За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид. Се работи на расчистување на случајот.