523
Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Тетово-Скопје кога комбе удри во кабина на патарината кај Глумово, информираа од МВР.
Според полицијата, комбе „пежо боксер“ со скопски регистарски таблички, управувано Ј.Б. (40) од Скопје, удрило во кабина на патарината, а потоа и во автомобил „фолксваген шаран“ со албански регистарски таблички, управуван од И.П. (47) од Албанија.
Во несреќата полесни повреди добиле вработениот на патарината Д.П. (47), возачот на автомобилот и сопатниците, сите од Албанија, К.Т. (60), Џ.Ф. (53), А.В. (23), Ј.В. (21) неколкумесечно бебе, а потешко повреден е сопатникот Д.Л. (32).