Разрешениот директор Караџоски ќе остане вработен во „Македонски шуми“

by fokus 11:59
11:59

Екс директорот на јавното претпријатие „Македонски шуми“, Жарко Караџовски, ќе остане во работен однос во ова претпријатие и откако Владата го разреши од функцијата. Новиот директор вели дека мора да го почитува менаџерскиот договор што Караџовски го склучил кога стапил на функцијата, а кој го обврзува претпријатието да го распореди поранешниот директор на некое од работните места доколку биде разрешен.

Ваквиот договор го одобрил и Управниот одбор на „Македонски шуми“. Од Владата велат дека е штетен и дека спротивно од Законот за јавни службеници ја попречува правичната конкуренција при вработување на службеници.

- Advertising -

Сличен менаџерски договор склучил и Цветко Грозданов, поранешниот директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. И тој со посебна клаузула во договорот си обезбедил место во претпријатието доколку биде разрешен од функцијата.

Од Владата велат дека ќе ја разгледуваат правната основа на овие договори, а на вчерашната седница министрите одлучија во иднина сите договори на државните директори пред да се потпишат да бидат претходно одобрени од Владата.

„Владата на Република Македонија го прифати предлогот на Генералниот секретаријат, сите идни менаџерски договори кои се однесуваат на уредување на односите и обврските на директорите на државните и јавните институции, претходно да бидат доставени до Владата на Република на запознавање, односно на одобрување, пред нивно потпишување“, информираа од таму.

 

Поврзани новости